• Thu. May 16th, 2024

Владата без конечна одлука: Договорот со Еуромакс под лупа на Министерството за економија

Наместо одлука за раскинување на договорот, како што очекуваат активистите и жителите на Иловица и Штука, Владата на денешната седница уште еднаш побара тој да се прегледа. Го задолжи Министерството за економија да ја испита правната исполнетост на барањето за добивање дозвола за  експлоатација на минерална суровина – бакар и злато, на ЕУРОМАКС РЕСОУРЦЕС ДОО Скопје, на локалитетот „Иловица“, Општина Босилово и Општина Ново Село, и доколку не се исполнети правно-формалните аспекти да го одбие барањето на концесионерот.

Владата го задолжи Министерството за економија, доколку се утврди дека не е исполнета правната обврска на барањето за добивање дозвола за  експлоатација на минерална суровина – бакар и злато, на ЕУРОМАКС РЕСОУРЦЕС ДОО Скопје, на локалитетот „Иловица“, Општина Босилово и Општина Ново Село, еднострано да го раскине договорот за концесија со ЕУРОМАКС РЕСОУРЦЕС ДОО Скопје, на локалитетот „Иловица“, Општина Босилово и Општина Ново Село со број бр.24-4563/1.

Ова барање доаѓа по речиси петанесет месеци од последното задолжување на Министерството за економија, кога му беше наредено да ја продолжи постапката со која од концесионерот „Еуромакс“ се бараше комплетирање на документацијата.

За таа своја иницијатива, Владата лани се повика на известувањето на Министерството за економија од 2016 година до „Еуромакс“ во кое се бара од концесионерот, до одреден период, да ја комплетира документацијата како обврска од договорот за концесија, и го информира дека, меѓу останатото, не се доставени доказ за решени имотно-правни односи во делот на земјиштето на кое ќе се врши експлоатацијата, како и решението за одобрување на студијата за оцена на влијанието на животната средина, а направени се и други повреди на договорот.

– Согласно договорот за концесија, неподнесувањето на само овие два документа се доволни за да почне постапката за преиспитување на почитувањето на договорот, и затоа Владата на РМ на денешната седница го задолжи Министерството за економија во рок од 7 дена да достави информација дали во меѓувреме е комплетирана документацијата,  по што ќе биде донесен соодветен заклучок, стоеше во минатогодишното соопштение на Владата.

До денеска, такво преиспитување не се случи. Минатата недела, откако почнаа блокадите на пристапниот пат до рудникот, премиерот Заев рече дека не се исполнети правно формалните аспекти на договорот, и дека конечна одлука ќе има на вадина седница.

Сепак, конечниот збор останува да се соопшти на некоја друга седница.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *