• Sun. May 12th, 2024

Високите температури ќе се задржат најмалку до среда

ByЃ. K.

Jul 21, 2023

До 26.07, односно до следната среда Македонија ќе „врие“ под пеколни температури, многу топло време со високи утрински и дневни температури, поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури, информираат од УХМР.

УВ индексот во поголем дел од земјава ќе има многу висока вредност 10.

Во земјата утре времето ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 34 до 41 степен. УВ индексот ќе изнесува 10.

By Ѓ. K.