• Fri. May 17th, 2024

Винојуг во Гевгелија од транзитен центар од каде пред четри години транзитираа илјадници мигранти денес е само карантин

Винојуг во Гевгелија од транзитен центар од каде пред четри години транзитираа илјадници мигранти денес е само карантин. Секој мигрант кој периодов е фатен од страна на полицијата според протоколот останува во 14 дневен карантин, се’ додека не му помине задолжителната самоизолација. На ТЦ Винојуг во моментов има 36 мигранти генерално од Блискиот Исток. Ковид 19 не ги поштеди мигрантите, но состојбата е стабилна кои се под будното око на епидемиологот Олумчев.

Ковид 19 не ги поштеди ниту полицајците кои се распределени долж граничната линија. Пред десет дена позитивни беа дванаесет од чешкиот контингент , а во излоција заминаа и наши полициаски службеници.

И покрај фактот што вио излоција мораа да заминат полициските службеници , рамо до рамо со нив се и припадниците на армијата. Тие со своите оперативни тактичко- технички мерки помагат во борбатра со илегалната миграција.

Пандемија од коронавирус и затворената граница на јужната страна не ја намали миграцијата, мигрантите од Блискиот исток кои се сместени низ грчките кампови со помош на криумчарите не жалат пари, плаќаат по минимум 800евра за само еден граничен премин, со цел да стигнат до западноевропските земји.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *