• Wed. May 15th, 2024

(Видео) Шабановиќ : Интензивно се работи на реконструкција на повеќе сообраќајници во Центар

Локалната власт предводена од СДСМ и Град Скопје интензивно работат на реконструкција на повеќе сообраќајници на територија на општина Центар. Во периодов се реконструира улицата Лазар Личеновски, една од значајните улици за скопското Кале. Освен реконструкција на коловозот, ќе се изврши и промена на рабници и ќе се уредат и тротоарите, изјави Елвир Шабановиќ, советник во Совет на Општина Центар.

Според него, средствата за реконструкцијата во износ од 10,9 милиони денари се обезбедени од буџетот на Град Скопје.

„Претходно Град Скопје во рекордно време ја заврши реконструкцијата на улицата Димитрие Чуповски на потегот од Палома Бјанка до булеварот Климент Охридски. Реконструкцијата и унапредувањето на инфраструктурата во централното градско подрачје продолжуваат со засилено темпо.

Градската власт преводена од СДСМ и градоначалникот Петре Шилегов и општинската власт предводена од СДСМ и градоначалникот Саша Богдановиќ остануваат фокусирани на развој и унапредување на инфраструктурата во општина Центар. Во исто време, се реконструираат 9 значајни, фреквентни сообраќајници во Скопје. Градиме по план! Низ конкретни примери секојдневно покажуваме што значи вистинска грижа за нашиот град”, додаде

извор:makfax

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *