• Mon. May 13th, 2024

(ВИДЕО) Несовесни граѓани ги краделе новонасадените дрвца што ги постави ЈПКД Комуналец на Крушевска Република

ByЃ. K.

Feb 26, 2024

Покрај редовното одржување на зелените површини ЈПКД Комуналец започна и со уредување на новото шеталиште на Крушевска Република.

Целото шеталиште ќе биде хорикултурно уредено со трева, дрвја, и украсни растенија и одржувано од страна на екипа од ЈПКД Комуналец. Со поставување на клупи и канти за отпадоци целот овој потег ќе добие убав, еколошки и урбан изглед кој ќе даде придонес за поквалитетно животно опкружување.

Меѓутоа по само неколку дена од почетокот на уредувањето има десетина украдени новонасадени дрвца. Благодарение на совесни граѓани објави видео снимки од нивните камери на кои јасно се гледа како се уништува и краде тоа што е направено.

ЈПКД Комуналец ќе ја санира штетата, ќе посее нови дрвја и ќе го уреди ова шеталиште.

Оттаму ги охрабруваат сите совесни граѓани да снимаат, фотографираат и анонимно пријавуваат вакви и слични постапки на поединци со цел да се покренат понатамошни дејствија. Само на тој начин ќе се стави крај на ваквите несакани појави.

By Ѓ. K.