• Sun. May 19th, 2024

Видео – Агрофруктус пред Нова година отпушти работници, заради сезонската работа

Хрватски ,,Агрофруктус,, во Струмица пред Нова година отпушти поголем дел од вработените. Во откупно дистрибутивниот центар за зеленчук и овошје останале само неколкумина а на сите други не им се обновени договорите за работа. Од менаџментот на ,,Агрофруктус,, од Хрватска за Канал ВИС ја потврдија веста и кажаа дека тоа е заради сезонскиот карактер на работата на ова компанија и дека со почетокот на земјоделското производство и откуп, отпуштените работници сукцесивно ќе се враќаат во центарот. Според сајтот на ова компанија во Струмица се вработени 60 лица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *