• Mon. May 20th, 2024

(Видео) Авион со 190 патници излета од писта во Индија и се преполови

Авион на „Ер Индија експрес“ со 191 патник од Дубаи се излизга од пистата и се преполови на аеродромот „Кожикоде“ во Керала, Индија.  Според првичните информации, загинале пилотот и двајца патници.

Медиумите јавуваат дека се повредени 40-тина патници.

Авионот се подготвувал да слета кога се случила несреќата. Откако ја промашил пистата, авионот се скршил на неколку дела. Инцидентот се случил во услови на многу силни врнежи од дожд во областа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *