• Thu. May 16th, 2024

Вечерва „Еко повик: Потпиши се против рудникот на смртта“ на плоштадот во Струмица

ByЃ. K.

Aug 14, 2023

Здрава Котлина, СТИГА Е – Фронт против рудникот и загадувачите на животната средина и Еко Долина – Eco Valley организираат „Еко повик: Потпиши се против рудникот на смртта“ за да се продолжи макотрпната борба за одземање и решавање на проблемот со концесиите за Иловица-Штука. Она што треба да следи е целосно раскинување на договорите за двете концесии согласно законот за минерални суровини.

Со таа цел, во понеделник, 14 август 2023 година, на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица во периодот од 20:00 часот до 21:30 часот, организиран е настан на кој ќе можете во отворената книга да се потпишете против овој сериозен проблем кој може долготрајно да ѝ наштети на Струмичката котлина и целата флора и фауна која егзистира на оваа територија.

Ќе имате можност освен да го дадете вашиот потпис “ПРОТИВ РУДНИКОТ“, да го погледнете настапот во живо на бендот Стихири, да ги слушнете Мариета Дукиќ и Коста Милков, како и да погледнете документарен филм во кој се објаснети штетите од отворањето на рудникот и да слушнете неколку обраќања од еко активисти кои се дел од овој долгогодишен процес против корпорациите кои сакаат да ја уништат природната и здрава животна средина во нашиот регион.

By Ѓ. K.