• Mon. May 13th, 2024

Василево и Струмјани го реализираа проектот за енергетска ефикасност со европски пари

Со средства од Програмата за прекугранична соработка во висина од 247 илјади евра, општина Василево и бугарската Струмјани, реализираа проект за искористување на обновливите извори на енергија и подобрување на енергетската ефикасност во двете општини.  Во Василево се реконструираше училиштетот во Седларци кое стане енергетско ефикасно со што ќе се намалат трошоците за загревање а ќе се искористи и сончевата за електрична енергија

Како што истакна Марјан Јанев градоначалник на Василево училиштето во Седларци доби нова столарија,  поставена е нова термофасада и фотоволтаични панели од кои училиштето ќе се снабдува со електрична енергија. Покрај тоа, инсталирано е централно топловодно затоплување на пелети и соларни системи за производство на топла вода.

Во Струмјани пак во селото Микрево, како што подвлече градоначалникот Емил Илиев е изградено ново улично осветлување со штедливи светилки за што се намалени трошоците за околу 30 одсто што била главната цел на овој проект…

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *