• Sun. May 19th, 2024

Бугарија јавно ќе ги објавува имињата на сите Македонци што извадиле бугарски пасоши

ByЃ. K.

Sep 22, 2023

Бугарските пратеници со 180 гласа „за“ и ниту еден против или воздржан, на прво читање гласаа за измените во Законот за бугарско државјанство, коишто подразбираат и јавно да бидат објавени сите лица кои во изминатите 22 години се стекнале со бугарски пасош. Измените на законот се очекува да бидат усвоени на второто читање.

Европарламентарецот Андреј Ковачев на социјалните мрежи објави дека законските измени се онесуваат и на тоа церемонијата за добивање бугарско државјанство да биде свечена и јавна.

„Така, овие над 120.000 македонски Бугари, меѓу кои и многу поранешни и сегашни политичари, пратеници, министри, градоначалници, раководители на сектори, раководители на партии, сопственици на медиуми и телевизии, новинари, коментатори, како и нивните семејства ќе бидат јавно заштитени од говорот на омраза и дискриминацијата на македонските институции поради тоа што се чувствуваат Бугари. Оние од нив што се ‘принудени’ да се претворат во јавни бугаромразичи само за да го сокријат своето бугарско потекло и самосвест нема да имаат повеќе причина да го прават тоа“, вели Ковачев.

Во изминатите години, голем број македонски државјани аплицираа и извадија бугарски документи за да ја обезбедат својата иднина и да работат во Европската Унија, а на претходниот попис на населението само 3.504 лица се декларираа како Бугари.

By Ѓ. K.