• Sat. May 18th, 2024

Британската министерка за здравство има коронавирус

Британската министерка за здравство, Надин Дорис, заболе од коронавирус, објави лондонски „Тајмс“, пренесува Макфакс.  Како што се наведува, Дорис, која се разболела во петокот, а вчера и` било констатирано дека боледува од коронавирус, сега е во изолација и заздравува.

„Тајмс“ додава дека таа во последните денови се сретнала со стотина луѓе и дека била на прием со премиерот Борис Џонсон.
Министерката преку соопштение навела дека веднаш штом ги дознала резултатите ги презела сите пропишани мерки и се самоизолирала дома.

Во Велика Британија  досега починаа шест луѓе од коронавирус, а заразени се 382. Последното лице кое почина е маж на околу 80 години.

Британската министерка не е единствена меѓу високи државни претставници кои се заразени со коронавирус. И францускиот министер за култура, Франк Ристер (46), е заразен и добро се чувствува.

Министерот за внатрешни работи на Германија, Херст Зехофер, е во доброволен домашен карантин, исто така и португалскиот претседател Марсело Ребело де Соуса.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *