• Fri. May 17th, 2024

Брера Струмица поразена од Черноморец Одеса, но држи фокус пред идните предизвици во Турција

ByЃ. K.

Jan 29, 2024

Фудбалската екипа на Брера Струмица претрпе пораз од Черноморец Одеса со 3-1 во својот втор контролен натпревар во Анталија, Турција.

Слично како и во предходниот натпревар со Верес, фокусот на струмичката екипа беше на играта и индивидуалните перформанси на играчите, што резултираше во шанса за секој фудбалер да настапи. Единствениот гол за Брера во овој натпревар го постигна Ибрахим Олаосебикан.

Според распоредот, следниот натпревар за Брера е против екипата на Рух од Полска во вторник, а потоа ќе ги заврши пријателските натпревари во Турција против Атурај од Казахстан.

By Ѓ. K.