• Sun. May 19th, 2024

Блокади и контра блокади за рудникот Иловица на Огражден

ByВане Трајков

Jun 20, 2019

Четврти ден блокади и протести  на активистите против рудници на планината Огражден со кои ги спречуваат археолошките истражувања на местото каде е планиран рудникот Иловица., Предпладнево протестираа и локални жители  ангажирани за ископувањата. Едни не сакаат рудници други сакаат работа. Преку градоначалниците на Босилово и Ново Село од Владата побараа да го реши проблемот со рудникот Иловица

Тензично и напнато беше претпладнево на планината Огражден каде едни не дозволуваа да се врши археолошки истражувања на просторот каде треба да никне рудникот Иловица други пак сакаа да заминат на работата на ископувањата оти биле ангажирани под договор на дело . Полицијата не дозволи судир на граѓаните  за и против рудникот. Во улога на медијатори стигнаа и градоначалниците на Босилово и Ново Село на чија територијата треба да биде рудникот

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *