• Sat. May 18th, 2024

Блокадите во Валандово се проширија и кон Струмица и Дојран

ByВане Трајков

Jun 14, 2017

Активистите против рудници, цели два часа го блокираа Валандово во знак на револт што претседателката на Советот не свикува седница за референдумско изјаснување. Денеска го блокираа и патот кон Струмица и Дојран а блокирана беше и клучката за Скопје и Гевгелија. Бараат првиот човек на Советот да свика вонредна седница на која ќе се утврди термин за референдумско изјаснување на валандовчани за рудници

Освен граѓансктие активисти, барање за свикување вонредна седница доставиле и дел од советниците на општина Валандово. Сите инсистираат референдум да има или 9 или 16 јули оти потоа ќе биде предоцна

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *