• Fri. May 17th, 2024

Бензинот поевтинува, дизелот поскапува – нови цени на горивата

ByЃ. K.

Oct 2, 2023

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,25% во однос на одлуката од 29.09.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,615%, кај дизелот зголемување за 0,609%, кај екстра-лесното масло има намалување за 0,821% и кај мазутот намалувањето е за 0,998%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 0,178%.

Од 03.10.2023 година, од 0:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

моторен бензин Евросупер БС-95 – 86,00 (денари/литар)

моторен бензин Евросупер БС-98 – 88,50 (денари/литар)

дизел-гориво Евродизел БС (Д-Е V) – 86,00 (денари/литар)

масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 85,00 (денари/литар)

мазут М-1 НС – 48,660 (денари/килограм)

Малопродажната цена на бензинот Евросупер БС-95 се намалува 1,00 денар/л, а малопродажната цена на бензинот Евросупер БС-98 се намалува 0,50 денари/л.

Малопродажната цена на Евродизелот (Д-Е V) се зголемува 0,50 денари/л.

Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува 0,055 денари/кг и сега ќе изнесува 48,660 денари/кг.

By Ѓ. K.