• Sat. May 18th, 2024

Беласица се засили со нови пет фудбалери за влез во Прва лига !

ByВане Трајков

Jan 17, 2018

Струмичка Беласица се засили со пет нови фудбалери за пролетниот дел од  второлигашкиот шампионат.  На директниот ривал во ова натпреварување –  Брегалница му ,,зеде,, дури тројца фудбалери кои во продолежнието место во Штип ќе заиграт на стадионот Младост,

Станува збор за  Горан Здравков, еден од најдобрите фудбалери на штипјани, кој имаше добри настапи и во Првата лига а со него во Беласица дојдоа односно се вратија Александар Василев и Томе Јанев кои есенва настапуваа за Брегалница.

Дресот на струмичките сино бели пролетва го облекуваат и голманот на Пелистер, Томе Пашовски, како и прилепчанецот кој игра крило Мартин Мирчески.

Беласица е лидер во Втората фудбалска лига исток со само еден пораз и е на добар пат да се најде во фудбалската елита

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *