• Mon. May 20th, 2024

Балдовалиев тврди дека сеуште е слободен играч нема договор со ниту еден клуб

ByВане Трајков

May 28, 2018

Екс фудбалерот на Академија Пандев Зоран Балдовалиев ги демантира пишувањата во одредени спортски портали дека се договорил со новиот прволигаш  Беласица. Тој вели дека  тој сеуште е слободен играч и нема склучено договор со ниту еден клуб.

Спортските портали минатата недела објавија дека ФК Беласица веќе ги договорил Балдовалиев и Милушев и следната сезона ќе бидат во дресот на новајлијата. Балдовалиев  за ВИС СПОРТ истакна дека нема никаков договор и тој на пазарот е слободен играч и не сакаше да открие со кои клубови преговара за следната сезона  

Инаку Зоран Балдовалиев потекнува од школата на ФК Беласица i и беше најефикасен стрелец за ,,пандевци,, во изминатата сезона.  Зад себе има голема интернационална кариера.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *