• Wed. May 15th, 2024

АХВ ги олабави мерките поради поволната епидемиолошка состојба со афиканската чума

Поради позитивната епидемиолошка состојба со болеста африканска чума кај свињите, Агенцијата за храна и ветеринарство донесе решение со кое се олабавуваат мерките за заштита од вирусот.

Се укинуваат заштитната ( 3 км) и зоната под надзор (10 км) околу двете жаришта во Делчевско, каде, во координација и соработка со локалната самоуправа, Министерството за внатрешни работи, ветеринарните друштва и одгледувачите на свињи, со цел спречување на ширење на вирусот, успешно беа спроведени мерките за ерадикација (убивање и нештетно закопување на свињите во заштитната зона) и депопулација со економско искористување на месото во зоната под надзор и другите мерки за заштита, дефинирани во претходно донесените решенија.

За ставање на состојбата со болеста под контрола, од нејзиното појавување досега, АХВ веднаш го активира Националниот центар за контрола на болести, спроведен беше вонреден попис на сите одгледувалишта на свињи и проверка на воспоставената категоризација на фармите во однос на воведените безбедносни мерки, а засилена беше и соработката со Ловечката федерација, здруженијата на одгледувачи на свињи, Ветеринарната комора и Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство со кои се одржаа неколку работни состаноци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *