• Wed. May 29th, 2024

АХВ врши засилен мониторинг на продажните места за месо и јајца

АХВ врши засилен мониторинг на продажните места за месо и јајца

Засилен мониторинг на продажните места за месо и јајца врши Агенцијата за храна и ветеринарство пред велигденските празници, изјави денеска директорот Николче Бабовски.

Одговарајќи на новинарски прашања во рамки на форумот на директори на ветеринарните служби од регионот на Западен Балкан што денеска и утре се одржува во Охрид во организација на АХВ посочи дека од досегашните контроли на инспекторите, немало отстапување од правилникот за храна.

– Увозот на храна во државава е контролиран од страна на нашите инспекциски служби и економските оператори, кои се занимаваат со трговија со прехранбени производи на пазарот неможат да постават небезбеден производ. Целосно се контролира узвозот на храна, преку мониторинг програма за секојдневна контрола, изјави Бабовски.

Зголемувањето на цената на прехранбените производи од животинско потекло, посочи дека е поради тројно повисоките цени за храната за животни на светските берзи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *