• Tue. May 28th, 2024

Ангеловска-Бежоска: Економијата ќе се опоравува до 2022 година

Очекуваме поумерено закрепнување на македонската економија во наредниот двегодишен период, а проекцијата за БДП за годинава е ревидирана на минус 4,9 проценти,изјави гувернерка Ангеловска – Бежоска. „Со оглед на вториот бран на пандемијата, заздравувањето на економијата ќе биде побавно од очекуваното. Надежите и во светот се во вакцината, која доаѓа порано од тоа што се очекуваше”, рече гувернерката.

„Станува збор за најголема криза во светот по големата депресија. Само 26 земји ќе имаат мала стапка на раст. Кризата многу брзо се прелеа во реалниот сектор. Мерките воведени поради кризата доведоа до пад во економско – финансиските движења, но потоа дојде и до процес на стабилизирање поради интервенциите на централните банки”, рече на денешната прес-конференција гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *