• Wed. May 15th, 2024

Ана Витанова Рингачева и Стефан Марковски добитници на наградата Горан Бујиќ на Хватското книжевно друштво

Книжевната критичарка, есеистка и професорка на УГД, д-р Ана Витанова Рингачева и писателот, поет, сценарист, Стефан Марковски, се годинашните добитници на Интернационалната награда за новинари – книжевници Горан Бујиќ на Хрватското книжевно друштво.

Д-р Витанова Рингачева е добитник на наградата Горан Бујиќ за новинари – книжевници надвор од Хрватска, додека Стефан Марковски е добитник на наградата во категоријата млади новинари – книжевници. 

Витанова Рингачева и Марковски ги уредуваат списанијата за литература Зенит и Современост. 

Наградата на животно дело ја доби Неделко Јусуп, новинар, публицист, предавач и уредник, основач и долгогодишен главен и одговорен уредник на неделникот и дневниот весник Задарски лист.

Наградата Донат за придонес во културата годинава ја доби весникот Задарски лист, кој одбележува 25 години постоење.

Книжевната награда Донат ја добија поетот, професор, музичар и афористичар Данко Ившиновиќ и Пејо Симиќ, книжевник.

Наградите ќе се доделат на свеченоста која секоја година се одржува на 28 ноември, роденденот на Горан Букиќ. 

Годинава за наградите одлучуваше меѓународно жири во состав: Жаклина Кутија, Никола Шимиќ – Тонин, д-р Ерни Гиганте Дешковиќ, Валерио Орлиќ, Анте Грегов Јурин, д-р Драган Глигора, д-р Васил Тоциновски, Давор Јашек, Анте Надомир Тадиќ Сутра, Горан Мрњавац, Мирјана Мајиќ и Андреја Малта.

Наградата Горан Бујиќ е востановена на иницијатива на книжевната критичарка и професорка Жаклина Кутија заедно со претседателот на Хрватското книжевно друштво – задарски огранок, Никола Шимиќ – Тонин. 

Горан Бујиќ беше поет, критичар, есеист и новинар. Дипломирал компаративна книжевност и филозофија  на Филозофскиот факултет во Загреб, каде подоцна и магистрирал. 

Од првиот ден е соработник во весникот Задарски лист, каде е уредник на културната рубрика и на прилогот Донат.

Неговите критики се објавувани во сите значајни хрватски списанија и весници. 

Починал во 2011 година.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *