• Sun. May 19th, 2024

АМД Дичо Панов од Гевелија го спроведува проектот ,,Гевгелија Вело град’’

АМД Дичо Панов од Гевгелија го спроведува проектот „Гевгелија Вело град“ кој има за цел промоција на велосипедизмот преку искористување на климатските и теренски погодности за негова поголема промоција, стекнување на здрави животни навики кај младите, зголемување на економската активност на општината преку туристичко ориентирани услуги кон велосипедизмот и развој на Гевгелија како пријателска велосипедска општина. Дополнително, проектот ќе придонесе за збогатување на туристичката понуда преку организирање на спортски настан од натпреварувачки карактер Гевгелиски Велотлон, со тенденција тој во иднина да прерасне во традиција.

Велосипедската OFF Road патека што се подготвува во рамки на проектот се наоѓа во непосредна близина на Гевгелија, во месноста Долна Корија, веднаш спроти Негорските минерални бањи. Просторот изобилува со борова шума, останата нискостеблеста вегетација и живописни предели што секако беше причина да го одбереме токму овој простор за велосипедската патека, во близина на населените места Гевгелија, Негорци и Мрзенци и туристичкиот капацитет на Негорските минерални бањи, како и пријатните климатските и теренски услови. Во моментот интензивно се работи на велосипедската патека во должина од околу четири километри. Трасата по која поминува е веќе расчистена од вегетација, на одредени места се интервенира со механизација, а се подготвува и просторот каде ќе бидат поставени препреките. Очекуваме активностите околу патеката да ги завршиме до крајот на април од причина што во текот на месец мај е предвидено одржување на спортскиот настан од натпреварувачки карактер Гевгелиски Велотлон.

Проектот „Гевгелија Вело град“ се спроведува во рамки на програмата за локална демократија во Западен Балкан 2 –која е финансирана од Европската Унија, а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *