• Sat. May 18th, 2024

Активна транспарентност во општина Струмица: Општината се наоѓа на 23 позиција од вкупно 98 рангирани институции

ByЃ. K.

Jul 12, 2023

Општина Струмица оваа година бележи највисоко ниво на транспарентност откако се почнати мерењата на Индексот за активна транспарентност.

Ваквото истражување се спроведува редовно секоја година од страна на невладиното здружение Центар за граѓански комуникации. „Активна транспарентност“ подразбира објавување информации на иницијатива на институциите, без претходно некој да има доставено барање од нив за истите да бидат достапни.

Во 2023 година, транспарентноста се карактеризира со „многу добра“ со исполнување на обврските за објавување на јавни информации од што е подобрување во споредба со 2022 година, кога индексот на транспарентност изнесуваше 87,1%.

Општина Струмица се наоѓа на 23 позиција од вкупно 98 рангирани институции, односно на 18. позиција од вкупно 81 рангирани единици на локална самоуправа. Минатата година општината беше на 30 место од вкупно 98 рангирани институции.

By Ѓ. K.