• Sun. May 19th, 2024

Академија Пандев со Шкендија во првото коло од Првата МФЛ

ByВане Трајков

Jul 29, 2019

ФК „Академија Пандев“ од Струмица новата првенствена сезона ја почнуваат со шампионот ФК „Шкендија“ на 11 август. Така одлучи ждрепката во ФФМ каде беа извлечени паровите за новата натпреварувачка сезона во Првата македонска фудбалска лига.

„Пандевци“ дуелите на домашен терен ќе ги играат на стадионот „Младост“, кој го пријавија во македонската фудбалска куќа за есенската полуетапа.

Натпреварот Акаедмија Пандев – Шкендија ќе се игра во 17:30 часот во недела на 11 август. Веќе следната недела и гостуваат на „Македонија ЃП“, а во третото коло дома го пречекуваат „Борец“. Потоа ќе играт со „Работнички“ во гости, „Ренова“ дома, „Струга“ во гости, со „Шкупи“ дома, „Вардар“ во гости, а првиот круг го завршуваат со „Силекс“ пред своја публика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *