• Sun. May 19th, 2024

Академија Пандев реагира: Судијата Стојчевски во Кратово ем судеше тенденциозно ем пцуеше !

ByВане Трајков

Sep 13, 2017

Академија Пандев ќе бара прегледување на снимката од дуелот со Силекс во Кратово од првиот осминафинален дуел од Купот на Македонија. Тие се изненадени, шокирани и разочарани од главниот судија на натпреварот Игор Стојчевски  кој правдата ја делел тенденциозно бидејки не само не само што додели црвен картон на Давид Атанаскоски  и на преставникот на клубот Југослав Тренчовски туку упатувал и пцовки на македонскиот репрезентативец Љупчо Дориев и капитенот Сашко Пандев

,,Раководството на Академија Пандев ќе бара прегледување на снимката пред релевантни фактори во ФФМ бидејќи смета судењето на Стојчевски беше крајно тенденциозно. Не сакаме да помислиме дека тој имал намера или инструкции за такво делење на правдата,, стои на официјалниот сајт на Академијата.

Академија Пандев денеска претрпе пораз од Силекс со резултат од 1:0 но патникот во  во четвртфиналето од Купот на Македонија ќе се одлучува на реваншот во Струмица на 18 октомври.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *