• Wed. May 15th, 2024

Академија Пандев и Беласица може да се соочат за пласман во големото КУП финале !

Двата струмички прволигаши изборија пласман во полуфиналето од фудбалскииот КУП на Македонија каде место обезбедија и екипите на Победа и Македонија ЃП.  Од овие четири екипи ќе биде новиот тим што ќе ја освои КУП титулата од новата фудбалкса сезона

Беласица и во возвратниот меч од четвртфиналето против кратовски Силекс  славеше победа. По двата гола реализирани во првиот меч во Кратово, струмичките сино бели и на Младост славеа победа со 2:0. Стрелци на головите беа Милушев и Ѓеоргиев со што обезбедија место во Топ четворката од КУП натпреварувањето

И пандевци славеа во реванш четвртфиналниот меч против Кораб откако во Турново славеа со 3:1. На гостувањето кај второлигашот славеа со 6:1. Стрелци беа Миловановиќ, Крстовски, Јованов, Михаилов и Илиев

Двојките за полуфиналето допрва преку ждрепка ќе се знаат. Не се исклучува можноста двата струмички прволигаши Академија Пандев и Беласица да се најдат во едната полуфинална двојка или пак ќе наидат на Победа која го елиминираше шампионот Шкендија и тимот на Македонија ЃП кој го отфрли од ова натпреварување тимот на Работнички

Кој со кој ќе игра во полуфиналните двојки ќе се знае во петок кога ќе биде ждрепката

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *