• Sun. May 19th, 2024

АКАДЕМИК ГЕОРГИ СТАРДЕЛОВ ДОБИТНИК НА СВЕТСКАТА НАГРАДА ЗА ХУМАНИЗАМ ЗА 2020 ГОДИНА

Добитник на Светската награда за хуманизам за 2020 година, со која Охридската академија на хуманизмот го слави името на Св. Климент на сите светски меридијани, е академик Георги Старделов, еден од водечките визионери и македонски градители на европската и светската хуманистичка идеја, информира локалната самоуправа.
Академик Георги Старделов е автор на импозатен опус од доменот на филозофијата, естетиката и критичката мисла, објавен на голем број на јазици на сите пет континенти. Тој е четиринаесеттиот добитник по ред на ова исклучително признание, а прв од Македонија, со кое што Охрид, градот на УНЕСКО, веќе ги овенча нобеловците Александр Солжењицин, Херта Милер, светските легенди Даисаку Икеда, Рави Шанкар, Питер Брук, Маноел Де Оливеира, Романо Проди, будејќи ги изворите на духовната меморија од првата средновековна школа на хуманизмот, основана од учениците на Св. Кирил и Методиј, заштитниците на Европа, се вели во образлоѓението на одлуката за доделување на Светската награда за хуманизам за 2020 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *