• Fri. May 17th, 2024

Агроменаџментот важен за развојот на земјоделството

Модерните земјоделски текови налагаат нужно познавање на агроменаџментот како предуслов за развој на аграрот. Поседувањето на земја и мотика не значи и род и приход, доколку не се земат сите аспекти на организација на земјоделскот производство. Експертите сметаат дека клучот на успехот е примената на овие техники.

-Во земјоделието менаџирањето е на прво место. Не е едноставно д се земе мотиката во рака и да се работи. Треба д а знаеме д аго органзираме производството. Да тргнеме од нула, па д апродолжиме до крајниот производ. Тоа не е едноставна организација. Треба да ги проучиме теренските услови, да организираме работна рака и механизација, да најдеме пласман, да знаеме како да постапиме ако се појават штетници. НА, најважен дел е да нејдеме пласман за производството, вели професорката Милица Дончева од СОУ „Димитар Влахов“ од Струмица.

Професор Дончева истакнува дека агроменаџерите може да работат индивидуално, или пак својата експертиза и знаење да го пренесат и практикуваат преку специјализирани компании.

Агроменаџменот последниве години е  во пораст,  за разлика од европските држави кадешто многу порано почнало практикувањето на знаењата на техничарите од оваа струка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *