• Sat. May 18th, 2024

Фото: Запален отпад од контејнер во Радовиш ќе изгореше возило пасат

Малку недостасуваше да биде опожарено возило марка фолсфаген пасат во Радовиш откако почна да гори отпадот од контејнер на паркингот кај Стоковната.  Од засега непознати причини почнал да гори отпадот при што се појавиле пламени јазици кои го зафатиле предниот дел на возилото. Се претпоставува дека истиот бил намерно запален  бидејки контејнерите бил преполни со разновиден отпад  без да се внимава дека пожарот можел да се прошири и врз патничкото возило. Возилото е оштетено од но со интервенција на пожарникари и случајни минувачи  истиот бил навреме изгаснат. Радовишани реагираат на преполнетите контејнери со отпад кои се испокршени и преставуваат грда слика на градот заради што апелираат и до одговорните од комуналното но и до граѓаните за поголема еколошка свест

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *