• Tue. May 14th, 2024

Фатена жената што нападна старица во Струмица

СВР Струмица поднесе кривична пријава против 21годишната Е.Ѓ од Просениково за напад на 80годишна старица во Струмица.

Осомничената за кривично дело „разбојништво“, на 21 ноември годинава околу 21.37 минутти ја нападнала старицата, и ја зела чантата влечејќи ја еден метар и побегнала кон такси возило во кое имало бебе.

-Додека оштетената била влечена  гласно викала и барала помош,  кое викање го слушнале  четири децата  кои се приближиле до оштетената и откога дознале за што се работи  веднаш започнале да трчаат по пријавената . За кратко време пријавената влегла во такси возило каде било оставено нејзиното бебе со намера да замине, но едно од децата застанало пред возилото кажувајkи му на возачот дека жената има украдено ташна и соборено жена на земја, притоа одземајќи и ја ташната. Додека сите деца и возачот разговарале  пријавената  излегла од такси возилото си го зела бебето и со трчање се дала во бегство, рече Хризантема Рендевска на денешната прес конференција.

Рендевска додаде дека децата и ја вратиле чантата на оштетената од која недостасувал паричникот и личните документи.

-При нападот оштетената се здобила со повреди при што на истата и била  укажана медицинска помош а од страна на лекар биле констатирани тешки телесни повреди. По пријавување на настанот во СВР-Струмица  веднаш се превземени мерки за пронаоѓање на сторителот на кривичното дело, рече Рендевска.

По целосно расчистување и документирање на настанот од страна на СВР-Струмица  изготвена е кривична пријава и со материјалните докази доставена  во ОЈО-Струмица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *