• Wed. May 15th, 2024

Утре саем за вработување во Струмица-30 компании ќе нудат работа

ByDimitar Micev

Jun 12, 2017

Над 11 илјади лица од струмичкиот микрорегион се регистрирани во агенцијата за вработување во Струмица како невработени.Од нив 3 илјади се водат како активни баратели на работа а останитете 8 илјади се пасивни.Но според раководителката на Агенцијата, Ѓеоргиева сепак ова не е реалната слика.Бидејќи многу од овие лица сепак и работат.
Денес во домот на културата во Струмица интензивно се поставуваат штандовите на кои утре со почеток од 10 часот ќе започне самеот за вработување .На истиот 30 компании од Стумица ќе ги претстават своите активности но и потребите од работна сила.
На саемот ќе бидат застапени компании од различни категории се со цел овозможување на богата понуда за што поголем број на профили и струки.ВО состав на саемот невработените лица ќе можат да оставарат и директи интервјуа со претсавниците на компаниите

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *