• Sun. May 19th, 2024

Струмичките угостители најавија протест ама денес се пишманија

Струмичките угостители најавија протест ама денес се пишманија

Протестот кој беше закажан за денес од страна на струмичките угостители, утрово се одложи. Во нивното известување стоеше дека од 11 до 13 часот, секој ден во знак на незадоволство ќе ги блокираат улиците во Струмица, но и влезовите на градот.
Децидни беа дека ги бараат претходните мерки за слободен влез на невакцинирани и вакцинирани.

Не успеавме да ја дознаеме причината поради што се повлекоа и не останаа доследни на повикот за протест, некои во телефонски разговор посочија дека еден по еден почнале да се откажуваат од намерата да ги затворат локалите и да излезат на протест.
Угостителите во известувањето конкретизираа дека во овие години трпат најголеми последици од кризата и дека е време Владата да донесе нови мерки што ќе бидат и во нивна корист. Засега нема нови најави дека оваа фела ќе се излезе на протест или ќе ги затворат локалите во знак на незадоволство од веќе донесените владини мерки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *