• Sat. May 18th, 2024

Струмица се прошета до Лешок за третата победа

Oдбојкарите на Струмица ја забележаа третата последователна победа. Пред нивната игра падна и тимот на Лешок од Тетово со 3:0 во сетови. Според освоените поени по сетови, во ниту еден момент не беше доведена во прашање победата на струмичани кои првиот го добија со 25:22, вториот со 25:19 а третиот беше чиста рутина за избраниците на Кире Ричлиев кои на домакините им дозволија само 10 поени

По три кола Струмица со само еден  изгубен сет, оној против Борец од Велес  е на лидерската позиција каде се наога и тимот на Пробиштип ВА.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *