• Sun. May 19th, 2024

Струмица против Пелистер за мирен финиш во Првата лига

Кошаркарите на Струмица во сабота (11.02)  во 18 часот во спортската сала Парк го играат клучниот натпревар за сигурен опстанок во најелитното кошаркарско натпреварување. Противник им е битолски Пелистер со кои во првата мегусебна пресметка претрпеа минимален пораз од 71:67. На избраниците на Петар Настев им е потребна сигурана победа за да се потврди славјето во Охрид. Само на тој начин може да се обезбеди подобар старт во Плај аут лигата. Струмица по 11 кола е на 6 позиција со вкупно 14 победа и скор од 4 победи и 7 порази. Ваков скор имаат и битолчани но со победа над ,,пелистерци,, струмичани ќе бидат позиција погоре во конечната пресметка за опстанок  во Првата кошаркарска лига на Македонија

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *