• Sat. May 18th, 2024

Средношколки од струмичката гимназија најдобри на Светскиот ученички КУП по англиски што се одржа на ЈЕИЛ во САД

Средношколки од струмичката гимназија се прогласени за најдобри по англиски јазик во целиот свет откако на завршницата на Светскиот ученички Куп на ЈЕИЛ универзитетот во САД се закитија со златни медали. Станува збор за ученичките Тијана Иванова, Магдалена Стојанова и Ивана Цветанова, кои под менторство на професорките Верица Јанкова и Натка Јанкова, во конкуренција на  2000 натпреварувачи од 50 земји покажаа најдобро познавање на англискиот јазик и тоа во пишување есеи, квиз предизвик со 100 прашања, дебати на три теми и познавања на ученици во други области исто така на англиски јазик.

Средношколките Тијана Иванова, Магдалена Стојанова и Ивана Цветанова  до завршницата во ЈЕИЛ универзитетот стасаа откако покажаа одлични знаења по англиски јазик  и успеаа да ги поминат прелиминарните натпревари во Дубаи и Атина каде исто така се закитија со златни медали.

Поради овој голем успех, СОУ „Јане Сандански“ и Струмица на 11 и 12 април 2018-та година, ќе бидат домаќини на една од регионалните селекции на овој Светски ученички Куп, едукативен настан со натпреварувачки карактер кој обединува ученици од целиот свет.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *