• Tue. May 14th, 2024

Со обдукција ќе се утврдуваат причините за смртта на старицата во Струмица

Нема конкретен одговор од што починала 83 годишната старица од Струмица која синоќа беше пронајдена мртва во нејзината куќа. Неколку часа синоќа траеше увидот на полицијата и јавното обвинителство при што беше и блокирана една од улиците….. Полицијата и денес го обезбедуваше домот во кој жената сама живеела. Полициски службеници и денес прибираа докази од двата влеза кон семејната куќа.  Соседите раскажуваат дека жената вчера била на црква за празникот Св. Јован и разбрале дека била пронајдена мртва  во својот дом

Од основното јавно обвинителство од Струмица информираа дека телото е предадено на обдукција и не можат да излезат официјално кои се причините за смртта на 83 годишната старица.  Полициајта соопшти дека пријавата кај нив стигнала од болницата откако блиски роднини на жената повикале брза помош

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *