• Tue. May 14th, 2024

Репортажа – Како да се вратат во Варварица, село кое има потенцијал а нема струја

Сопствениците на имот од напуштеното струмичко Варварица и понатаму бараат од ЕВН да има ја врати струјата во селото. Тие до пред две години имаа еклектрична енергија и почнаа да градат викендици и да садат овошарници. Но порaди заостанати долгови сите објекти во селото две години немаат струја а жителите се дадени на суд.

Жителите кои потекнуваат од ова село, сметат дека Варварица нуди огромен потенцијал за сточарство, овоштарство и пчеларство. Но заради немање струја никој не сака да инвестира во родното село иако преко летото одредени лица живеат таму

Во Варварица контуинирано се инвестира. По средениот пат каде може и со моторно возило да се стаса до селото, уредена е селската чешма, реконструирана е црквата. Изградени се летниковци и фурни каде посетители ќе можат да одмараат

Варварица е иселено пред 30 години. Станува збор за околу 40 тина домакинства кои сакаат повторно да се вратат во родното село и да инвестираат бидејки патот е направен. Се чудат што владеачката партија најавува проект Од град во село, за вракање на животот во село а во Варварица нема струја.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *