• Sun. May 19th, 2024

Радовиш остана без нотар – за услуги во Струмица за што жителите реагираат

ByВане Трајков

Jan 24, 2018

Расте револтот кај  жителите на општина Радовиш кои за нотарски услуги мора да патуваат во Струмица. Ова општина веке половина месец е без нотар откако единствениот се пензионираше а во мегувреме министерството за правда не распишува конкурс за избор на нов нотар . Од град стануваме село вели еден радовишанец кој купил автомобил и беше гневен што наиде на затворени врати на нотарската канцеларија

Од Нотарската комора на Македонија потврдија дека во Радовиш нема нотар и сè до изборот на ново кадровско решение бил определен службата да ја врши Јанко Милушев од Струмица. Тие тврдат дека министерството за правда  треба да распише конкурс а во мегувреме радовишани  реагираат на дополнителни трошоци

Од минситерството за правда не конкретизраа ниту пак имаа информација кога се планира да се распише нов конкурс за нотар во Радовиш.  Откако се распише конкурс целата постапка за избор на нотарско службено лице трае речиси половина година

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *