• Sat. May 18th, 2024

Промовиран проектот за медиумска писменост на Зружението Скај Плус

ByВане Трајков

Nov 14, 2019

Средношколци,префесори по македнски јазик и новинари од Струмица на синоќешната интерактвина средба се запознаа со идните активности кои ќе бидат клучни за имплементација на проектот „Јутјуберска платформа за медиумска реформа“ во соработка со Канал ВИС

Во Наредните 6 месеци , ќе бидат спроведени обуки во средните училишта од југоистокот , ќе се анкетираат околу 600 ученици на основа медиумска писменост, а од нив само 30 ученика ќе бидад дел од реализаторите на 30 – те јутјуб видеа чија содржина ќе биде медиумската писменост.

Основната цел на проектот е заедно со средношколците да изградат платформа која разработи видеата достапни за нив, а ќе се однесуваат токму за медиумската писменост и како полесно да откријат лажни вести.

Од здружението се надеваат дека проектот ќе има видливи резултати кои преку видеата ќе овозможат полесен пристап до медиумско описменување на сите граѓани.

ЗГ Скај Плус овој проект го доби како суб – грантист на проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска писменост“, финансиран од Европската унија, а спроведен во земјава од Фондација Метаморфозис и Еуротинк – Центар за Евротпски стратегии.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *