• Fri. May 17th, 2024

Промовирана книгата „Опеана Струмица“ од Иван Котев

Опеана Струмица“ е насловот на новата книга на авторот Иван Котев, која вчера беше промовирана пред струмичани. Во книгата, над 300 страни се собрани песни од народното творештво, но и новокомпонирани. Станува збор за дело составено од песни во кои е спомната и опеана Струмица. Инаку ова е плод на 45-годишната напорна работа на авторот Котев.

Песните преземени од зборници, пред се од Република Бугарија, во Зборникот се предадени според правилата на современиот македонски правопис. Промотори на „Опеана Струмица“ беа Ана Витанова Рингачева и Сузана Мицева.

Опеана Струмица“ е трета книга од овој вид во Македонија. Досега вакви книги објавиле Филип Каваев и Марко Китевски.