• Fri. May 17th, 2024

Почувствуван земјотрес во Југоистокот

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтер е регистриран во 10 часот и 13 минути во Грција, а потресот бил почувствуван во Дојран и поголемиот дел од југоисточна Македонија.

Денеска во 10 часот и 13 минути е регистриран земјотрес чиј епицентар потекнува од дојранското епицентрално подрачје. Епицентарот на земјотресот се наоѓа на 15 километри источно од Дојран во соседна Грција. Рихтеровата магнитуда на земјотресот изнесува 3.8, а беше почувствуван од населението во Дојран и околината“, информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Потресот со помал интензитет бил почувствуван и во Гевгелија, Валандово, Струмица и Штип и останатиот дел на југоисточна Македонија.

извор: makfax.com.mk 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *