• Tue. May 14th, 2024

Пионерите на РК ,,Астрион,, лигата ја стартуваа со победа против Текстилец

ByВане Трајков

Sep 26, 2017

Надежите на РК ,,Астраион,, од Струмица со победа ја започнаа пионерската лига. На свој терен ги совладаа своите врсници од Текстилец од Штип со резултат 24:12 на полувреме 12:8. Пионерите на ,,Астраион,, за првпат се натпреваруваат под капата на РФМ. Пионерската лига е поделена во четири групи а струмичките надежи се во групата 3 каде освен тие и штипјани се и Делчево, Тиквеш Кавадарци, Младинец, Торо Спорт. Системот е дома гости а најдобрите ќе разигруваат за титулата пионерски првак.

Минатата сезона РК ,,Астраион,, дебитираше во лигите на РФМ токму во ова конкуренција. Лани пионерите го освоија 4 место  но годинава  истата екипа ќе се натпреварува во кадетската лига на Македонија во групата 1.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *