• Sat. May 18th, 2024

Пет од пет за РК Астраион – ги испратија текстилците во Штип со +15 гола разлика

ByВане Трајков

Nov 27, 2017

Кадетите на РК Астраион од Струмица не знаат за пораз. Викендов ја забележаа и петата победа од исто толку натпревари во кадетскиот шампион на Македонија група 1. Нивната супериорност ја почуствуваа и ракометарите на Текстилец од Штип кој од  салата Парк во Струмица си заминаа поразени со 29:15. Во ниту еден момент не беше доведена во прашање победата на ,,астраионци,, кои оваа сезона дефинитивно ќе атакуваат на титула.

Младите струмичани тргнаа офанзивно уште од стартот и наметнаа темпо кое за гостите беше недостижно. Како што одминуваше натпреварот така се зголемуваше победата . На полувреме астрионци имаа позитива од плус 6 но во второто полувреме целосно им зедоа мерка и ги ,,сошија,, текстилот на гостите со плус 14 ( 29:15)

Славе Јанковски и Ѓорги Касапов со по 5 гола беа најефикасни на теренот. Александар Велков постигна 4 а по три гола постигнаа Борче Кочев, Живко Стојанов. Во листата на стрелци се запишаа и Котевски, Кавазов, Катранџиев, Нурев, Беџовски и Партинов а свое шоу имаа и голманите Гогов и Перовановиќ. Со ова петта победа  Астраион со Торо Спорт од Скопје се на делба лидерската позиција без порази

Пулените на Димитар Пандев, Пепи Пецанов и Александар Пиличев веќе следното коло имаат дерби натпревар. Му гостуваат на  Торо Спорт во Скопје дуел кој ке даде јасна слика кој ќе ја превзеде лидерската палка сам во ова група од кадетскиот ракометен шампионат на Македонија

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *