• Mon. May 20th, 2024

ОК Струмица славеше против велешки Борец иако го загубија првиот сет

Одбојкарите на Струмица потешко отколку што се очекуваше,  славеа победа против новајлијата во прволигашкото одбојкарско друштво во Македонија, екипата на борец од Велес. Во спортската сала Партизан – Струмица  со 3:1 во сетови ја забележа втората победа, откако во првото коло поради недоаѓање на гостите од Жеровјане го добија службено тимот на Лирија со 3:0 во сетови

Најинтересен беше првиот сет кој го добија гостите од Велес со 32:30.  Струмичани прокоцкаа дури 3 поени, но во продолжение од играта не дозволија изненадување на свој терен . Следните три сета ги добија со 25:14, 25:17 и 25:18 за победа од 3:1 во сетови .

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *