• Mon. May 20th, 2024

Одбојкарките на „Наковски Волеј“ се победници на Меморијалниот турнир „Илија Караманов 2023“

ByЃ. K.

Oct 2, 2023

Во одлична организација и спортска атмосфера заврши четвртиот по ред меморијален турнир во женска одбојка „ Илија Караманов“.

Девојките од Наковски волеј се покажаа во најдоброто можно светло и со две победи го освоија првото место на овој 4-ти меморијален турнир во женска одбојка.
Струмичката публика имаше можност да ужива во квалитетна одбојка за што се погрижија одбојкарките на Наковски волеј, Работнички Скопје и Младост УГД Штип.

Овој спортски настан е посветен на нашиот спортски работник Илија Караманов и е симбол на спортска култура и натпреварувачки дух.

By Ѓ. K.