• Sat. May 18th, 2024

МЗШВ направи авионско снимање на земјишните парцели за полесна контрола кој колку пријавува за субвенции

ByВане Трајков

Aug 22, 2017

Министерството за земјоделство изминативе два месеци, по втор пат после 2009-та година, изврши авионско снимање на земјишните парцели во Р. Македонија, согласно Европските регулативи и препораки на Системот за идентификација на земјишни парцели . Со просторната идентификација на земјишни парцели се определуваат границите и големината на обработливата површина за која земјоделците аплицираат за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. На овој начин, ќе се овозможат прецизни контроли од страна на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, во однос на површините кои земјоделците ги пријавуваат за субвенции и фактичката состојба на терен.

Во рамките на процесот ќе бидат произведени ортофото карти, дигитален модел на теренот на целата држава и ќе биде направена иницијална дигитализација на земјоделските површини според употребата на земјиштето. Новите просторни податоци ќе овозможат ажурирање на промените настанати на земјишните парцели во периодот помеѓу двете снимања. За таа цел, при крајот на тековната и во текот на 2018 година, во Подрачните единици на министерството ќе бидат повикани земјоделските стопанства кај кои е утврдено несовпаѓање помеѓу состојбата на постојната ортофото карта од 2009 година и новата карта од 2017 година од аспект на површината на парцелата или користењето на земјиштето, а со цел корегирање на воочените отстапувања.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *