• Sat. May 18th, 2024

Лазо Кутуровиќ ги донираше парите собрани од Водици

Во Дражево, на сиромашното четвопрочлено семејство, Лазо Кутуровиќ им подари електричен шпорет. Таму во куќа која буквално се руши и распаѓа, без никакви основни услови за живот,  живее четиричленото семејство Доневи. Со болни деца и сопруга,  64 годишниот Стоил вели дека е оставен на милост и немилост.

Остатокот од собраните пари, Кутуровиќ ги однесе во Бориево, за помош на 25 годишната Ирена Танчева, која собира пари за операција во Русија, откако по сообраќајната несреќа остана неподвижна.

Другите пари Кутуровиќ ги донираше за помош на 5-годишно дете од Струмица кому му се потребни финансиски средства за операција во Виена поради искривување на нозете предизвикани како последица од лекувањето на леукемијата.

Кутуровиќ вели дека овој негов пример, да им се помага на беспомошните, треба да го следат сите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *