• Sun. May 19th, 2024

Кошаркарите на Струмица со само пет поентери, поразени – ,,соколите,, во Скопје пресилни

Кошаркарите на Струмица претрпеа пораз и во второ коло од најдоброто кошаркарско натпреварување во земјава. Во Скопје загубија од Карпош Соколи со 94:77 каде струмичани добро одиграа само во воведните десет минути кога имаа предност од 5 поени (20:15). Во продолжението од натпреварот избраниците на грчкиот стратег Влаикидис немаа решение како против  домашниот состав, кој втората четвртина ја заврши со фантастични плус 19 (34:15) а во второто полувреме ја одржуваа двоцифрената предност за да дуелот го завршат со плус 17.

Во таборот на Карпош сите кошаркари ,, соколои,, се запишаа како стрелци додека кај Струмица од осумината што заиграа, петмина поентираа. Американското трио Деил, Тајс и Гилберт постигнаа дури 63 поени- Деил 23, Тајс 28,  Гилберт 10.  Во листата на стрелци се запиша и Арсоски со 10 и Стојменов со 4 поени.

Следното коло Струмица го пречекува МЗТ а дуелот се игра на 21 октомври

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *