• Sat. May 18th, 2024

Кожув заборави на домашни победи но утре игра за БИБЛ финале

Кошаркарите на Кожув од Гевгелија како да подзаборавија на победите пред своја публика од домашниот шампионат. Во последните два меча, гевгеличани претрпеа порази кои не беа очекувани за лубителите на овој спорт од Гевгелија. Најпрво од Работнички а викендов и од Фени индустри што беа изненадувачки за пошироката јавност. Во последниот меч пак со кавадарчани, стратегот Илиевски шанса им даде и на играчите од вториот состав со цел да ги чува најдборите за реванш дуелот со Морнар. Тимот на Кожув кој има аспирации за висок пласман и ова сезона е на 5 позиција од каде најверојатно ќе ја стартува плеј оф пресметката. За разлика од домашниот шампионат на мегународна сцена, гевгеличани атакуваат на финале од БИБЛ лигата. Утре во Црна гора со Морнар го играат реваншот пред кој гевгеличани имаат 15 поени предност

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *