• Sat. May 18th, 2024

КК Струмица ја разочара публиката, ниту Кожув не можеа да го совладат- Шест натпревари, шест порази

ByВане Трајков

Nov 12, 2017

Тоне ли тоне струмичкиот кошаркарски прволигаш. Иако сите помислеа дека против ,,слабиот,, гевгелиски  Кожув конечно ќе дојдат до победа, се случи спротивното. На свој терен, пред своја публика, кошаркарите на Струмица предводени од Власис Влаикидис разочараа. Претрпеа пораз од 92:85 кој беше изненадувачки за сите ако се знае дека Кожув беше лесен ,,плен,, за сите ова сезона.

Шестиот пораз во низа, дефинитивно ќе треба да ги замисли не само управата туку и стручниот штаб на КК Струмица за да утврдат  каде лежи ,,вината,, и кој ќе превземе одговорноста, оти Струмица не заслужува да биде на опашката во кошаркарската елитата.

Струмица лошо го започна дуелот против гевгеличани. Кожув под 10 минути имаше предност од 6 поени што беше анулирана до крајот на првото полувреме, кога Струмица стасаа и до предност од плус 3. Но со игра во само една четвртина не се добива натпревар. Тоа го знаат сите. Во продолжението егал резултат за да последните десет минути Кожув диктираше и игра и резултат за славје од 92:85

Кожув дојде до првата победа и тоа на секогаш тешкиот струмички терен а Струмица….. Струмица шансата ќе ја бара против новајлијата Шкупи оти останаа само овие две екипи што немат славје на своето конто и како што се тргнати работите, екипи кои стануваат кандидати за испаѓање од Првата кошаркарска лига…….

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *